Свет
12. October 2016 - 10:19

ПССЕ ја отрфли нацрт-препораката за „правата на децата при сурогат бременост“

Парламентраното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) ја отфрли нацрт-препораката за „правата на децата про сурогат бременост“, јави дописникот на МИА од Стразбур.
 
ПССЕ не ја усвои Препораката за „Правата на децата во врска со сурогат мајчинство", изработена врз основа на извештајот на белгиската пратеничка Петра Сутер.
 
Во дебатата дојде до израз поделеноста на парламентарците од 47-те земји-членки на Советот на Европа по политичка линија, но и пред се на „бранители на традиционалните вредности на семејството“ и на оние со „полиберални сфаќања“.
 
По дискусијата, од вкупно 167 членови на ПССЕ кои учествуваа во гласањето, „за“ предлогот се изјаснија 77 пратеници, 83 беа „против“, а седуммина „воздржани“.