Првото новороденче во струшката болница е машко
Првото новороденче што се роди во 2019 година во струшката болница е машко.
Бебето, како што изјавија за МИА од болницата е родено во 3 часот и 50 минути по природен пат.
-Бебето е тешко 3.060 грама и долго 50 сантиметри. Мајката, која е од Дебар, и бебето се во одлична здравствена состојба, информира дежурната сестра на одделението за гинекологија.
Утрово во 6 часот и 25 минути и во 7 часот и 30 минути, природно се родени уште две машки бебиња во болницата во Струга. И тие бебиња и мајките се добри.
Во Брзата помош во Струга, како што информираат оттаму, дошле две лица во алкохолизирана состојба и биле препратени на интерното одделение за детоксикација.
-Две лица, едно машко и едно женско на возраст од дваесеттина години дојдоа во Брзата помош, но веднаш ги препративме на детоксикација на Интерно, информираат од струшката Брза помош.
Новогодишната ноќ во Струга поминала мирно, без нарушување на јавниот ред и мир, ниту сообраќајни незгоди, потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација