Првоодделенчињата во Македонија носат и по 100 денари во школо
За секој родител најважно е воспитувањето на детето и тоа да биде изведено на прав пат. Секако, треба да се направи баланс и да не се претерува ниту со забрани, ниту со опсипување со пари.
-Моето дете е прво одделение. Имаат организирана исхрана секој ден, а оди и во дневен престој. И таму има топол оброк и проценувам дека на моето дете не му требаат пари за ништо. Доколку има некој оброк што не му е омилен, некое јадење, тогаш им даваат и алтернатива, така што нема основа моето дете да биде гладно. Но, не можам да се изначудам кога гледам дека негови врсничиња секој ден носат по 50 и по 100 денари и постојано купуваат глупости – лижавчиња, чоколатца, соленки, па дури купуваат топло чоколадо од кафемат. Можеби 100 денари не се многу за возрасен човек, но се прашувам каква порака им испраќаме на децата, вели родител за Факултети.мк.
Токму поради ова, Д-р. Марија Котевска-Димовска за Факултети.мк, укажува дека од суштинско значење за децата е да научат што претставуваат парите.
-Треба да ги научиме децата која е вистинската вредност на парите и како паметно и рационално да ги трошат. Родителите имаат многубројни дилеми околу оваа современа проблематика. Најчесто се прашуваат кога е вистинското време да се почне со доделување џепарлак. Постојат многу теории, совети и примери за тоа кое е вистинското време да се почне со џепарлакот. Веќе на возраст од 5 или 6 години на децата полека може да им се воведува терминот џепарлак, во мали количини, кои ќе ги трошат или штедат под надзор на родителите. Подоцна, кога децата ќе ги совладаат првите сознанија за парите, оваа сума може постепено да се зголемува, но во согласност со нивото на одговорност на детето во вршењето на должностите и обврските, вели Котевска-Димовска во интервјуто.
Затоа, таа препорачува со децата да се разговара за парите, да се користат соодветни зборови, и секако џепарлакот никогаш да не биде уцена.
Целосното интервју прочитајте го на Факултети.мк.
Ново на Сител
-
Премиерот фрли лопата - Нова инвестиција вредна 40 милиони евра и 600 нови вработувања
-
О2 бара државата да забрани увоз на половни возила постари од 10 години
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: ДУИ креира тензии
-
Запленети 4 тона марихуана
-
Бишев: Владата ги носи економските политики
-
Петрова: Даноците се собираат според планот
-
О2: Владата да забрани увоз на автомобили постари од 10 години