Македонија
29. April 2017 - 17:18

Првомајскиот викенд го раздвижи Охрид

Продолжениот викенд за првомајските празници го раздвижи главниот туритички центар .Најбројни на охридската ривиера се домашните оние од нашето соседство но и од подалечните земји, но  политичката криза доприне  мал број од туристите кои имаа резервирано и тоа претежно во приватното сместување  да ги откажат своите  аранжани.Хотелиерите испратија апел дека градот е безбеден.

Со збогатена понуда Охрид и оваа сезона ќе ги привлекува посетителите.

Туристичките работници се надеваат дека политичката состојба нема негативно да се одрази врз туризмот .Тие сметаат дека редовните посетители ќе продолжат да доаѓаат. Инаку на 2 мај пристигнува и првиот чартер лет со холандски гости од Амстердам, кои остваруваат најголем број ноќевања.