Loading Video...
Тенис
23. јуни 2018 - 17:48

Прво финале за Ѓоковиќ во 2018г

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласира во финалето на турнирот во Квинс што се игра на тревната површина откако во два сета со 7-6 и 6-4 го совлада францускиот тенисер Жереми Шарди.
Ова е прво финале за поранешниот број 1 во светскиот тенис од лани кога триумфрише во Истбурн.
Негов противник ќе биде Хрватот Марин Чилиќ кој во два сета со тајбрејк  го совлада Ник Кирјос од Австралија.