Бизнис
18. May 2022 - 20:04

Првите холандски туристи стасаа во Охрид

Пристигна првата група од 155 холандски туристи на охридскиот аеродром Свети Апостол Павле. Во месеците мај и јуни ќе има три до четири чартера, додека во екот на сезоната се до септември од четири до пет  летови неделно, а најава има и за туристи од Велика Британија, Полска и Турција. За разлика од 2021 година оваа година првите туристи пристигнуват два месеци порано, а очекувањата се дека ќе бидат реализирани нешто повеќе од 60 чартера ова лето.

Туристите којшто пристигнаа на брегот на езерото воодушевени од гостопримството и убавините на градот

Инаку очекувањата на Агенцијата за подршка и промоција на туризмот за 2022 година се да се реализираат 2,6 милиони ноќевања и поголем девизен прилив во споредба со минатата година.