Балкан
1. January 2016 - 10:23

Првите бебиња во Албанија и Косово машки

Првороденото бебе во  Албанија во Новата 2016 година е машко.

Родено е во 12:01 часот  во Гиниколошката клиника „Кочо Глиожени“ во Тирана.

Тоа е трето дете на брачен пар од градот Тепелена.

И првороденото бебе во Косово е машко. Родено е на полноќ  во Гиниколошката клиника во Приштина.

На дваесет и две годишната Јетмира Сопјани, од Косово Поле ова и е прва рожба.

Според дежурните лекари во Клиниките и мајките и децата се во добра здравствена состојба.