Живот
27. November 2018 - 15:54

Првиот ден од одморот доживеал пекол: Полетавме, а пилотот не ме врза, помислив - тоа е тоа!

Американскиот фотограф Крис Гурски за малку ќе загинеш во текот на својот прв лет со змеј зошто при полетувањето не бил врзан, па 2 минути и 14 секунди морал панично да се држи за пилотот и шипката на леталото.

Обичната забава му се претворила во смртоносна авантура.

Гурски бил на одмор во Швајцарија, па одлучил да лета со змеј, а пилотот некако заборавил да го врзе. И покрај големиот пропуст, тие полетале од карпа висока околу 1.200 метри. Двајцата брзо сфатиле дека нешто не е во ред, а Американецот се нашол во многу опасна ситуација.

Држејќи се за шипката и за пилотот кој речиси цело време безуспешно се обидувал да слета, Гурски во воздух поминал нешто повеќе од 2 минути пред пилотот да го приземји.

Слетувањето било прилично грубо, па Гурски завршил во болница. Го скинал левиот бицепс и го скршил зглобот на раката. За среќа, ја преживеал оваа крајно напната ситуација.

„Телото со сета сила одеше право надолу, висев борејќи се за живот. Знам дека гледав долу и мислев „Тоа е тоа!“, рече Американецот.

Најлошо од се е што камерата го снимила инцидентот, а гурски наместо снимка од убавата авантура доби спомен на еден од најстрашните настани во својот живот.