Први жртви од горештините во Италија, пожари во Франција и Шпанија
Најмалку три лица починаа од големите горештини во централна и северна Италија, додека во Милано за 35 отсто е зголемен бројот на лица кои во болниците и здравствените установи побарале помош поради проблеми предизвикани од високите летни температури.
Во Милано значајно е зголемена потрошувачката на електрична енергија поради клима-уредите, поради што повремено доаѓа дп „замрачување“ на продавниците и рестораните.
Стотици пожарникари се борат со пожарите во јужниот дел на Франција, особено во регионот Гард, каде се измерени дури 45,9 Целзиусови степени и каде изгореја околу 600 хектари земјиште, а уништени се десетици куќи и возила, соопштија локалните власти.
Најмалку 700 пожарникари и 10 авиони се вклучени во гаснењето на пожарите, а неколку патишта се затворени.
Рекордна температура оваа година беше измерена и во Париз, а властите издадоа забрана за возење постари автомобили за да се минимизира загадувањето предизвикано од горештините.
Во Шпанија се измерени многу високи температури, кои во одделни региони достигнуваат до 43 степени. Во 40 региони на Шпанија, од вкупно 50, во сила е метео аларм, додека се размислува за прогласување на екстремно ризична состојба во седум региони.
Во североисточниот дел на Шпанија, во Џирона, температурите достигнаа 43,9 степени, додека владата на Каталонија соопшти дека успеала да стави под контрола 90 отсто од пожарите кои зафатија повеќе од 60 квадратни километри земјиште во североисточната провинција Тарагона. Активни се уште два пожари во централниот дел на Толедо.
Ново на Сител
-
Во Крива Паланка излезноста до 13 часот е 42,08 отсто
-
Излезноста до 13:00 часот во Делчево и М.Каменица се движи од 24 до 29 отсто
-
Во Велес и велешко до 13 часот излезноста е 29,56, во Градско 33,51 процент
-
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче
-
До 13 часот во Куманово одѕивот 23 проценти, во Липково 16, во Старо Нагоричане 22
-
Излезноста во Струга до 13 часот 16 отсто, во Вевчани 33 проценти
-
Им ветувале бесплатни водомери за да гласаат во нивно својство, пријавен случај на поткуп
-
До 13 часот во Прилеп гласале 31,41 отсто од граѓаните со право на глас