Балкан
4. јуни 2018 - 8:58

Први резултати од Словенија: Партијата на Јанез Јанша со најмногу пратенички места

Прелиминарните резултати на словенечките парламентарни избори потврдија дека конзервативната Словенечка демократска партија (СДС) на поранешниот премиер Јанез Јанша доби најголем број на гласови.

Изборната комисија соопшти дека по пребројувањето на три четвртини од гласачките листови СДС добила поддршка од околу 25,6 отсто од избирачите.

На второ место е антиинституционалната партија Листа на Марјан Шарец (ЛМШ) со околу 12,55 отсто од гласовите.

Социјалдемократиет се на трето место со околу 10 отсто од гласовите, додека Партијата на  модерниот центар на досегашниот премиер Миро Церар, добија поддршка од околу 9 отсот од гласачите.

Ниту една партија не освои доволно гласови сама да формира влада, па таа ќе биде коалициона.

Околу 1,7 милиони од вкупно 2 милиони државјани на Словенија имаа право на глас на вчерашните избори.

За мандатите во новиот парламент со 90 пратенички места се бореа 1.630 кандидати од 25 партии.

Распоредот на освоени места е следниот:

СДС - 25 места

ЛМШ - 13 места

СМЦ - 10 mesta

Левица - 10  места

СД - 9  места

НСи - 7  места

Партијата на Аленка Братушек - 5  места

ДеСУС - 5  места

СНС- 4 пратеници

Причината поради која парламентарните избори во Словенија се одржуваат неколку недели пред редовниот рок беше ненадејната оставка на премиерот во заминување Миро Церар во март поради неуспешниот железнички проект.