Први фотографии од местото на злосторството: На пукањето му претходела жолчна расправија, Ивана и Срѓан фрлале чаши и чинии низ прозорецот

Срѓан Цветковиќ (59), специјалист по пластична и реконструктивна хирургија на ВМА, утрово и пукал во глава на својата девојка Ивана Панзаловиќ (30), а потоа си пресудил со пиштолот.
На местото на злосторството екипата на српски Курир затекна глетка која укажува дека на трагедијата и претходела жолчна расправија.

На самото место има траги од крв, но и скршени чаши и чинии.

Крај прозорецот од станот во улицата Коста Рацин 26 во дворот е фрлен и еден вентилатор.

Неофицијално, докторот и младата актерка биле во врска и живееле заедно. Околу 4 часот утрово се скарала, и тогаш докторот инаку пластичен хирург, пукал во младата актерка на која куршумот и го изгребал челото.

Потоа Цветановиќ извршил самоубиство, пукајќи си во глава.

Актерката со повреда на главата е префрлена на Военомедицинската академија.
Ново на Сител
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски, коалиција Сите за правично судење
-

Глувци шетаат на таванот во тоалетот на студентскиот дом “Пелагонија”
-

Преглед на вестите од светот
-

Кривична пријава за Блерим Беџети за градба во Сарај, тој вели се врши политички прогон врз него
-

СДСМ: Дали во случајот со ИПАРД е вмешан и премиерот?
-

„Почекајте ќе видите“ - вели Мицкоски
