Loading Video...
Спорт плус
13. September 2020 - 15:11

Првата победа на Морбидели во Мото ГП шампионатот

 

Италијанецот, Марко Морбидели е победник на трката за  Големата награда на Сан Марино во Мото-ГП шампионатот
 
Возачот на Петронас Јамаха, конечно во својот 25-ти настап во „Кралската класа“ стигна до својата прва победа. 
 
Тој зад себе ги остави сонародникот Бањана од томиот на Примак рејсинг и Шпанецот Мир од Сузики Ексатар. 
 
Откако Фабиот Квартараро не ја заврши денешната трка, а Андреа Довициозо беше седми, сега Италијанецот е лидер во Генералниот поредок со 76 бодови, шест повеќе од Французинот. 
 
И следната трка закажана за седум дена, ќе се вози на истата патека „Марко Симончери“ во Римини.