Тенис
24. January 2016 - 11:57

Прва титула за Ѓорческа во 2016 година

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со триумф на фјучрс во Анталија ја почна сезоната во 2016 година. Ѓорческа ја оправда улогата прва носителка на турнирот и во финалето ја победи втората носителка Екатерина Горгодзе од Грузија со 2:1 во сетови (1:6; 6:2 и 6:3).

По загубениот прв сет, Ѓорческа беше во негатива и на стартот од вториот кога противничката водеше со 2:1, но со серија од 5-1 нашата тенисерка го најави пресвртот во мечот. Сетот го доби со 6:2, а во третиот сет беше 6:3, во меч што траеше 92 минути. 
Ова е прва победа за Ѓорческа во 2016 година, а вкупно 6.та титула во кариерата во сингл.
Ѓорческа денеска ќе игра и во финалето во двојки на исиот турнир. Таа заедно со Јоана Лоредана Роска ќе играат против Штефи Дистелманс (Белгија) и Киара Грим кои предмалку со 2:0 во сетови ги победија Унгарките Ана Доднар и Ребека Столмар.