Loading Video...
Свет
30. September 2020 - 19:55

Прва претседателска дебата во САД

Наместо одговори на поставените теми, претседателските кандидати Доналд Трамп и Џо Бајден првиот телевизиски дуел го искористија за меѓусебни навреди, обвинувања и надвикување. Бајден го обвини ТРамп дека е најлошиот претседател на САД и го нарече кловн, лажго, расист, кученце на Путин. Актулениот претседател возвраќаше подеднакво жестоко. 

-Под овој претседател станавме послаби, поболни, посиромашни, поразединети и понасилни. Ти си најлошиот претседател кој Америка некогаШ го имала, Рече џо Бајден.

-Да ти кажам Џо, јас имам сторено повеќе во овие 47 месеци, отколку ти во 47 години за САД. 

-Дали го употребивте зборот паметен?  Ти дипломираШе како најслаб или речиси најслаб во  твојата класа. Немој никогаш  да го користиш зборот паметен со мене, му возврати актулениот претседател. 

-Народе, дали имате идеја што овој кловн прави.

Трамп цело време за  време на обраќањата на  неговиот ривал од демократската партија, му се уфрлуваше во зборот, со што Бајден и модераторот реагираа. Пандемијата  со корона висурот, економијата, Врховниот суд  и белата надмоќност беа темите на првиот 90 минутен дуел во Кливленд. Трамп и Бајден најжестоко дебатираа по прашањата за пандемијата и за  насилните проетсти и разисмот во САД.

Дебатата, аналитичарите ја  оценија како една од најхаотичните дебати за освојување на Белата куќа во современата американска политичка историја. Трамп и Бајден пред изборите во ноември ќе имаат уште два телевизиски дуели. Според сите анкети, Бајден има стабилно водство пред Трамп.