Loading Video...
Спорт плус
20. January 2018 - 16:28

Прва победа на Линдси Вон по една година

 
 
Американската скијачка Линдси Вон е победничка на денешната спуст трка од Светскиот куп во алпско скијање која се одржа во италијанскиот центар Кортина д’Ампецо. 
 
До својата прва победа во оваа дисциплина, а по пауза од една година, Вон стигна со резултат 1 минута 37,48 секунди, што беше за 92.стотинки побрзо од второ пласираната Тина Вајрајтер од Лихтенштајн. 
 
Ова е само втора овосезонска победа за некогаш најдобрата светска скијачка, по триумфот во Супер-велеслалом во францускиот Вал д’Исер на средината на минатиот месец.