Фудбал
26. April 2017 - 17:58

Прва МФЛ: Шкендија славеше против Вардар

Со двата гола на Бесарт Ибраими и на Меџедеовиќ екипата на Шкендија го совлада Вардар со 3-1 во дербито од 29. прволигашко коло. 

Едниствениот гол за гостите го постигна Балотели за 1-1. 
На останатите средби Победа го совлада Силекс со 1-0 со гол од пенал на Наумоски во 90-тата минута. 
Ренова убедливо славеше во Ѓорче Петров против Македонија со 3-1 додека во Штип Брегалница и Пелистер одиграа 1-1. 
Утре во директен пренос на ТВ Сител 3 играат Работнички и Шкупи. Почетокот на натпреварот е во 16часот.