Фудбал
5. March 2017 - 16:15

Прва МФЛ: Победа го изненади Вардар, голеада во Штип

Екипата на Победа направи големо изненадување попладнево во 21. прволигашко коло откако во Охрид славеше против шампионот Вардар со 2-1.

Гостите од Скопје првото полувреме го решија во своја корист со погодокот на Грнчаров но во вториот дел Цветаноски со два гола направи целосен пресврт за значајни бодови за прилепчани во битката за опстанок.
Во Штип Брегалница и Силекс одиграа 3-3 додека Шкендија не успеа да го совлада Шкупи (0-0). Единствената победа на гостински терен ја оствари Пелистер и тоа во Ѓ.Петров со 2-1.