Фудбал
4. April 2018 - 17:04

Прва МФЛ: Без победник во Кратово

Во заостанатиот натпревар од Првата МФЛ Силекс и Пелистер одиграа 1-1 во Кратово во меч во кој гостите поведоа во 1. минута додека домашните израмнија во последната минута од судиското надополнување.
Петар Љамчевски  го отвори резултатот  додека израмнувањето го обезбеди Глигор Глигоров.
Со овој бод Силекс е цврсто на 3. место на прволигашката табела со 10 бода повеќе од Академија Пандев додека Пелистер е во опасната зона со 24 бода.