-->
-->
Прва лига: МЗТ Скопје подобар од Кожув
-->
Шампионот МЗТ Скопје Аеродром го совлада тимот на Кожув со резултат 72:66 за втор триумф во домашниот кошаркарски шампионат.
Во израмнет натпревар вчеравечер, домашните кошаркари дури во самиот финиш на мечот успеаја да го скршат отпорот на гевгеличани кои во еден момент од третата четвртина имаа осум поени предност. Со 19 поени Дамјан Стојановски беше најефикасен играч во редовите на МЗТ Скопје. Ѓорѓе Дреновац беше стрелец на 16, додека Марко Љубичиќпостигна 11. Кај Кожув, Алексеј Нешовиќ со 19 поени беше најдобар поединец.
На другите дуели од 3.коло беа постигнати следниве резултати:
Карпош Соколи – Куманово 90:83,
Фени Индустри – Работнички 79:82 и
Бест – Струмица 68:91.
Табела: Карпош Соколи 3-0 (победи-порази), МЗТ Скопје 2-1, Фени Индустри 2-1, Работнички 2-1, Кожув 1-2, Куманово 1-2, Струмица 1-2, Бест 0-3.
фото: www.basketbal.org.mk
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево