Македонија
20. јуни 2021 - 16:44

Прв викенд со отворени ноќни клубови: Има ли некакви протоколи?

Ноќниот живот повторно се врати во Македонија. Првиот викенд по олабавувањето на протоколите помина со масовни забави низ клубовите ширум државата на кои присуствуваа илјадници млади. Ова го потврдуваат и видеата од клубот Аватар во Струмица објавени на социјалните мрежи на кои се гледа дека голем број млади повторно се забавуваат како пред пандемијата.

Го контактиравме клубот, од каде потврдија дека овој викенд започнале со работа, но и дека биле запазени сите нови протоколи и ниту една од мерките не била прекршена.

И од државниот пазарен инспекторат велат дека угостителите ги почитувале мерките. Имале засилени контроли насекаде низ државата, но надзорот покажал дека протоколите се почитуваат.

За разлика од клубовите во кои новите протоколи дозволуваат и до 1000 гости, ограничувањата се многу поригорозни кога станува збор за свадбите. Таму може да присуствуваат над 100 гости, но не повеќе од 50 проценти од капацитетот на ресторанот, или пак за спортските натпревари на отворено каде е дозволено да има публика, но не повеќе од 30%  од вкупниот капацитет.