Македонија
1. September 2021 - 20:07

Прв училишен ден - дали училиштата се доволно безбедни?

По речиси 2 години пауза, училишните дворови повторно живнаа. На училиште се вратија и основците и средношколците. Согласно протоколите децата носеа маска, држеа дистанца на влез од училиштето каде им се мереше темература а потоа се упатуваа кон училниците. Најмалите беа весели и безгрижни.

За разлика од нив средношколците беа скептични. Сметаат дека наставата со физичко присуство нема да трае долго.

Но директорите уверуваат дека се подготвени за настава со физичко присуство. Секое училиште согласно условите има план како децата треба да се однесуваат во училница, на физичко или на одмор.

И министерката за образование која на децата им го честиташе првиот училишен ден, уверува дека образовниот систем е подготвен за овој вид на настава.

Но опозицијата не го дели нејзиното мислење. Бараат засилување на протоколите во училиштата но и оставка од Царовска.

За разлика од годинава, лани учебната година почна со еден месец задоцнување. А можност да учат во училница имаа децата од прво до трето одделение. Инаку четвртооделенците почнуваат да учат по дигитални учебници а првачињата по нова наставна  реформирана програма.