Loading Video...
Спорт плус
29. December 2020 - 15:01

Прв тест на македонските одбојкари против Бугарија

Машката македонска одбојкарска репрезентација денеска ја има првата проверка за претстојниот циклус квалификации за Европското првенство,. 
 
Во дваесет дневни подготовки и речиси со комплетен состав, македонските одбојкари, вечерва во СЦ Борис Трајковски ќе го играат правиот од четирите предвидени дуели против селекцијата на Бугарија. 
 
Денешниот натпревар (од 18 часот), но и утрешниот што ќе започне од 16 часот, ќе се играат како дел од традиционалниот одбојкарски турнир „Бранко Хаџииљоски - Чајка“, кој годинава го има своето 44-то издание. 
 
На овие два меча, но и двата по новогодишните празници, што ќе се играат во Софија (5 и 6 јануари), селекторот Матијашевиќ ќе може да ја провери моменталната форма, но и да спроведе дел од замислената тактика за главното што претстои, а тоа се квалификациските натпревари во Скопје од 11 до 16 јануари, во кои нашите одбојкари во дуелите против Турција и БиХ, ќе се обидат да се изборат6 за своето второ учество на Европскиот шампионат.