Бизнис
18. February 2019 - 10:57

Прв Регионален форум во Полошкиот плански регион

На Попова Шапка денеска ќе се одржи првиот Регионален форум во Полошкиот плански регион, во рамките на проектот „Рамномерен и инклузивен регионален развој”.

Ова е прв од серијата форумски сесии на кои преку консултативен процес ќе се утврдуваат приоритетите и ќе се бараат решенија во партнерство на локалните власти со граѓанскиот и со бизнис секторот.

Форумот ќе го отвори министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, а според најавата, ќе присуствуваат градоначалници и граѓани од Полошкиот плански регион.

Проектот „Рамномерен и инклузивен регионален развој” го имплементира Министерството за локална самоуправа, со поддршка на швајцарската Влада.