Бизнис
28. September 2015 - 19:42

Прв повисок раст на индустријата од почетокот на годината, производството во август пораснало за 12,7%

Забрзува растот на индустриското производство. Во август статистиката бележи раст од 12,7%. Ова е прв повисок раст на индустријата од почетокот на годината и се поклопува со периодот на надминувањето на политичката криза.

По сектори, во август силен раст забележа рударството од 18,2% споредено со истиот месец во 2014 година. Преработувачката индустрија забележала раст од 8,4%, а секторот снабдување со електрична енергија растот изнеусва 45%.

Од почетокот на 2015 година индустријата на периоди беше во негатива, па затоа кумулативно од јануари до август производството бележи скромен раст од 1,7%.

Високиот раст во август дава оптимизам дека кризата завршила и дека трендот до крајот на годината ќе биде позитивен, а тоа ќе продолжи и во наредната година.

Поттик на индсутријата, според бизнисмениете, ќе и даде и буџетот за идната година. Парите за капиталните прокети се проектирани на досега највисоки 400 милиони евра или 12,9% повеќе од лани.

- За бизнис заедницата е значаен развојниот сегмент. Изградбата на автопатите, локалните и регионалните патишта, осовременување на железничкиот транспорт, средувањето на зоните за да се привлечат нови инвеститори. Ова значи ангажман на домашните компании, вели Александар Зарков, оперативен директор на Сојузот на стопански комори.

Оптимизмот го подгреваат и најавите за новите инвестиции кои се подготуваат за старт на производство.