Прв патнички брод од Северна Кореја пристигна во Русија
На руското пристаниште Владивосток утрово пристигна првиот патнички брод од Северна Кореја со 40 патници, со што е воведена првата редовна поморска линија што ќе ги поврзува двете земји.
Првите патници на бродот што синоќа тргна од севернокорејското пристаниште Расон, се претставници на кинеската патничка агенција и руски државјани, а превозот на туристи се очекува од следната недела.
Бродот, што има 40 кабини и може да прими 200 патници и околу 1.500 тони товар, ресторан, два барови, сауна и сала за забава, ќе сообраќа еднаш неделно.
Јапонија изрази загриженост поради покренувањето на првата поморска линија меѓу Северна Кореја и Русија, најавувајќи дека внимателно ќе го следи влијанието на овој развој на случувањата во контекст на напорите за прекин на нуклеарните закани на Северна Кореја, пренесе „Спутник“.
Севернокорејскиот град Расон, што се граничи со руската поморска територија и кинеската провинција Џилин има статус на специјална економска зона.
Ново на Сител
-
Законот за јазиците пред Уставен
-
Приведените во „Адитив“ пред суд
-
Расте откупната цена на тутунот
-
Преглед на вестите од светот
-
Не само ПМ честичките туку и бројни хемикалии во загадениот воздух влијаат на здравјето
-
Тема на денот со Маргарита Цаца Николовска
-
Агелер: Ако ние обезбедивме докази за Груби и Беџети, можат и македонските власти
-
Голема полициска акција: Уапсени над 20 лица за криминал тежок 6,5 милиони евра