Прв академски час на факултетите
Прв академски час ќе се одржи денеска на факултетите во државава, со што ќе се означи почетокот на новата академска 2021/22 година.
Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Никола Јанкуловски, како што е најавено, ќе има видео обраќање на првиот академски час на студентите на Правниот факултет, како и на студентите на Економскиот факултет.
Обраќајќи им се на студентите на овие факултети, тој симболично со порака ќе им се обрати на сите новозапишани студенти на факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
По повод почетокот на новата академска 2021/2022 година, прв академски час и свеченост ќе се одржи на платото на Правниот факултет во Битола при Универзитетот „Св.Климент Охридски„-Битола. На свеченоста свое обраќање ќе има проректорот на УКЛО, проф. д-р Марјан Ѓуровски и деканот на Правниот факултет проф. д-р Горан Илиќ. На прво рангираните ново примени студенти ќе им бидат доделени индексите.
Проректорот Ѓуровски на брушоците на УКЛО ќе им посака успешна академска година, потсетувајќи ги дека започнуваат еден нов степен на едукација низ кои што ќе ги градат специфичните знаења, ќе се изградуваат како личности и ќе стекнуваат нови, интересни искуства, пријателства и контакти што многу ќе им значат во животот.
По повод почетокот на новата академска 2021/2022 година, прв академски час и свеченост ќе се одржи и на Факултетот за безбедност во Скопје, каде, како што е најавено, ќе се обратат ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, проф. д-р Сашо Коруновски, деканот Никола Дујовски…
Ново на Сител
-
Хроника на изборни нерегуларности за првиот круг на претседателските избори
-
Анализа на првиот круг од претседателските избори
-
Убедлива победа на Силјановска во првиот круг, Пендаровски најавува продолжување на европската агенда
-
Груби со куфер од пред Општина Чаир побара да си одат четворицата претседатели од албанската опозиција
-
Таткото на Вања Ѓорчевска оди во куќен притвор
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд
-
Тошковски: Мирен изборен ден
-
Преглед на вести од светот