Бизнис
15. December 2018 - 16:18

Пругата кон Бугарија тема за меѓупартиски препукувања

Преку железничко поврзување со Егејското и Црното Море, Македонија ја засилува стратешката позиција на Балканот. Владејачката партија тврди дека гради со план и сериозно вложува во инфраструктурата.

Опозицијата пак обвинува дека фактот што Македонија нема пруга  кон Бугарија е главна вина на СДСМ, кои оставија празни столбови како споменик на никогаш незавршениот проект.

Најновата расправа меѓу двете најголеми партии доаѓа откако вчера земјава доби европски грант во висина од 68.6 милиони евра. Ова е најголема сума неповратни средства што ги добила Макеоднија воопшто. 

Со овие пари ќе се кофинансира изгрдбата на делницата Бељаковце – Крива Паланка  од пругата кон Бугарија. Оваа втора фаза ќе биде хготова до 2023 година. Три години претходно ќе биде завршена и првата фаза од Куманово до Бељаковце која беше во застој заради прави пречки. Последната фаза до Девебаир ќе биде завршена до 2025 година. При крај е и изгрдбата на пругата од Битола кон Кременица, Грција.

„Со изградба на Коридорот 8 се создава нов железнилки транспорт што ќе придонесе кон зголемување на трговската размена, развојот на економијата и комуникацијата на граѓаните.  Дополнително, привршуваат градежните работи на пругата од Битола кон граничниот премин со Грција, Кременица. Целосно е завршено поставувањето на шините, финишира процесот на поставување на пропратните елементи како сигнализација, електрична енергиија и паркинг“, вели Диме Велковски, СДСМ.

Од опозицијата велат дека СДСМ се фали со прокет на ВМРО ДПМНЕ.

„Делницата на пругата од Бељаковце до границата со Бугарија е со обезбедена проектна документација од страна  на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ наместо да продолжи со исто темпо да гради ги забави активностите на истата.     Железничката инфраструктура како и се друго во државата трпи поради неспособноста на СДСМ. Власта која ја зацрни државата во реалноста не прави ништо, токму затоа треба да си замине пред штетите што ќе и ги причинат на државата да бидат преголеми.

Наташа Хаџиспиркоска Стефанова