Живот
4. December 2016 - 21:53

Против несоница конзумирајте ги овие производи!

Добро е да се знае дека одредени производи можат да помогнат за несоницата.

Еден од тие производи е јогуртот кој содржи триптофан, аминокиселина неопходна за создавање серотин и мелатонин во организмот. Двете сооединенија ја контролираат фазата на лесниот и длабокиот сон.

Исто така, триптофан содржат и семките од тиква, како и семките од сусам, кои дополнително содржат и магнезиум.

Овој минерал придонесува за здравјето на нервниот систем и ги опушта мускулите.

За избалансиран нервен систем важни се и омега-3 масните киселини, што се наоѓаат во маслиновото масло и морската риба.

Незаситените масни киселини го регулираат расположението, помагаат за смирување и природно го регулираат крвниот притисок.

Имено, за убав и мирен сон добро е да се конзумираат билни чаеви како што се маточина и нане.