Loading Video...
Фудбал
19. November 2018 - 14:11

Против Гибралтар без Пандев, но со Алиоски и Елмас

Гибралтар е противникот на Македонија, пречекува во последната рунда од четвртата по квалитет зона во Лигата на нациите. Црвено-жолтите ќе атакуваат на победа со која треба да го потврдат првото место во групата. 
 
Селекторот Игор Ангеловски нема да менува ништо, барем што се однесува до пристапот во играта кој и натаму ќе остане офанзивен, иако на овој меч поради суспензија ќе го нема капитенот Горан Пандев, кој пак нема да биде во можност да го прослави јубилејниот 100-ти натпревар во црвено-жолтиот дрес. Но, затоа Ангеловски на располагање ќе ги има Алиоски и Елмас кои ја отслужија суспензијата, како и повратникот во националниот дрес Адеми кој е „фит“ со повредата. 
 
„Знаеме што значи Пандев, но што е тука е. Ова требаше да биде негов меч, но иако нема да настапи очекувам останатите да одиграат за него. Имаме бројни опции во нападот, така да нема да го менуваме  пристапот во играта,кој останува офанзивен, со цел да го добиеме мечот. Јас на фудбалери постојано им потенцирам дека нема потреба да не фаќа паника, нервоза. Дај Боже да дадеме брз гол, но треба да бидеме трпеливи“, истакнува Ангеловски. 
Со селекторот се согласува и напаѓачот Иван Тричковски кој беше стрелец на еден од двата гола во последниот меѓусебен дуел на овие две репрезентации, кој исто така очекува поддршка од трибините. 
 
На црвено-жолтите доволен им е и нерешен резултат, но тие размислуваат само за полн плен и победа во дуелот против Гибралтар, кој ќе се игра вечерва на арената „Филип Втори“ во Скопје, во термин од 20 часот и 45 минути,кога започнува и средбата од нашата група меѓу Лихтенштајн и Ерменија.
 
Во пресрет на последното 6.коло од Д групата Македонија е лидер на табелата со 12 бодови, пред Ерменија која има 9, односно Гибралтар со 6 и Лихтенштајн со 3.