Македонија
26. March 2021 - 16:36

Протестот за ,,Монструм‘‘ идниот петок

Лажна вест е најавата дека ќе имало протест за Монструм, ова го тврди Блерим Ахмеди кој досега ги организирал роднините на осудените за петкратното убиство. Обвини дека власта сакала да го манипулира населението.

 „Соопштението за денешниот протест е лажна вест само за да се дезорјентира населението. Пропагандата на власта не тера да разбереме дека се плашат од протести!“, напиша Ахмеди на својот Фејбсук профил.

Од МВР велат дека објавата на Ахмеди е лажна и демантираат дека полицијата сакала да го доведе населението во заблуда со објавата за најавениот протест.

„Овој протест беше најавен токму од лицето Блерим Ахмеди и МВР ги презеде сите неопходни мерки и активности за обезбедување на протестот и ја информиравме јавноста“.

Од најавата за денешниот протест се огради и братот на обвинетиот Азири. Вели дека најавил протест ама за идниот петок.

Најавата за протест ја мобилизираше полицијата која во огромен број ги обезбедуваше крстосниците и објектот на владата.

За инцидентите беа обвинети седуммина демонстранти. Тројца ја признаа вината и беа осудени на по една година затвор. За останатите се уште трае судската постапка.