Македонија
19. May 2016 - 22:10

„Протестирам“ го обоија „Театар Комедија“

Граѓанската иницијатива „Протестирам“ вечерва повторно организираше протести во Скопје и во неколку други градови во земјата.

Во Скопје, вообичаено, демострантите се собраа пред седиштето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за да искажат поддршка за неговата работа. Маршот го продолжија пред зградата на Театарот „Комедија“ каде фрлаа јајца и бои, па се упатија кон Агенцијата за аудиовизуелни медиуми и кон Собранието на РМ, каде фрлаа балони со бои.

Демонстрантите велат дека ќе продолжат да протестираат, бидејќи само едно од нивните барања е исполнето, а тоа е одложувањето на изборите на 5 јуни.

Освен во Скопје протести вечерва се одржаа и во Струга, Штип, Берово, Ресен, Струмица, Прилеп, Битола, Гостивар, Радовиш, Куманово, Валандово и Гевгелија.