Македонија
27. January 2018 - 16:27

Протести против промена на уставното име на Република Македонија организирани од македонската дијаспора

Под мотото “НиеСмеМакедонија” македонци ширум светот излегоа на протести за заштита на  идентитетот, јазикот , името, како и за зачувување на унитарноста на државата. Македонскта дијаспора бара Владата да прекине со секакви разговорите со Грција околу нашето уставно име и да прекине понатамошната процедура за донесување како што велат противуставниот закон за јазици.

Протестите викендот почнаа во Нов Зеланд и Израел

Денеска на централни локации протести се одржаа и во Швајцарија, Германија, Франција, Италија и Велика Британија, а утре ќе се соберат македонците во Малта.

И во Скопје повеќе патриотски здруженија за иста цел протестираа пред собранието и се упатија кон клубот на пратеници каде е закажана лидерската средба.

Патриотските здруженија за од понеделник најавија помасовни протести.