Бизнис
6. August 2020 - 21:19

Протести против поскапувањето на струјата како последно предупредување до институциите

Прв протест против поскапувањето на струјата. Неколку стотици тетовчани излегоа на централниот плоштад да го искажат својот револт од последната одлука на РКЕ да ја покачи цената на електричната енергија за 7,4 %. 

Демонстрантите се незадоволни и за начинот на функционирање на пазарот за електрична енергија. Затоа, бараат независно арбитражно тело кое ќе ја регулира и оценува услугата која граѓаните ја добиваат од енергетските компании.
Истовремено протести се одржаа и во неколку други градови низ земјава. Организаторите велат дека нема да запрат. Најавуваат дека следната недела ќе се одржи протестен марш со блокирање на дел од главните сообраќајници низ градовите.