Свет
17. November 2019 - 9:50

Протести на опозицијата во Каракас: Ако останеме дома ќе изгубиме

Гуаидо повика на демонстрации низ целата земја за да заживее кампања што се спроведува против Мадуро од јануари,а која изгуби во изминатите месеци од интензитетот.

Тој ги повика приврзаниците да останат на улиците наредните денови, укажувајќи на Боливија, каде по 18 дена протести, Ево Моралес, сојузник на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, поднесе оставка.

-Ако останеме дома, ќе изгубиме, рече Гуаидо на протестен марш со помала група приврзаници кон боливиската амбасада во источен Каракас.

-Денеска, утре и понеделник – ќе бидеме на улиците, рече Гуаидо.