Македонија
22. јуни 2020 - 16:28

Протести на идните средношколци медицинари, бараат упис без испит

Наместо на испит на протест. И покрај забраната за групирање, идните средношколци заедно со своите родителите дојдоа пред средното медицинско училиште Панче Караѓозов за да го изразат своето незадоволство поради полагање приемен испит. Бараат сите кандидати за смерот медицински сестри, вкупно 166 на број да бидат примени,а не само 102 колку што има слободни места.

Без одржување дистанца, со групирање на повеќе од 10 лица, дел од нив со, дел без заштитна опрема, тензиите пред училиштето траеа речиси три часа. На крај, родителите и учениците попуштија.

Директорката Маја Салиу, со која родителите побараа средба, вели дека училиштето не го организира, туку само го спроведуваат тестирањето, согласно, конкурсот на Министерството за образование и наука.

Согласно конкурсот објавен од МОН доколку се пријават поголем број кандидати од предвидениот, а со ист број на поени, за здравствена струка треба да се одржи квалификационо тестирање по предметите биологија и хемија. Критериумите, условите и рокот ги одредува МОН. Училиштето не организира тестирање, туку само го спроведува.  Наша задача како училиште е да обезбедиме услови за полагање согласно Протоколите од МОН и комисијата за заразни болести. Во таа насока, пред и во училиштето беа поставени знаци, ленти и насоки за движење

Инаку незадоволство имаше и кај родителите на завршените основци, кои конкурираа за медицински сестри во средното училиште Димитар Влахов во Струмица. Родителите бараа да бидат примени сите 39 кандидати, пет лица повеќе од првично предидените.