Македонија
23. October 2020 - 16:55

Протест на ВМРО-ДПМНЕ за денот на револуционерната борба: Мицкоски бара преговори без условувања

Прифаќање на предлогот Гоце Делчев по националност да биде прогласен за Бугарин ќе значи претопување на македонскиот народ, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Од денешниот протест пред собранието, порача дека партијата никогаш нема да го примени таквиот договор. Вели, Заев си игра со македонската историја.

Мицкоски побара Европската унија без условувања да ги отпочне преговорите за членството на Македонија.. Смета дека е дојдено времето унијата да и се оддолжи на државата што ја бранела Европа.

Според Мицкоски замавот кој го зема коронавирусот не ја засегал власта. Како што вели лидерот на партијата, за владата поголема вредност имале магарињата отколку човечките животи.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека на денот кога се одбележува борбата за државност, актуелната власт тула по тула ја урива тврдината што ја граделе револуционерите..