Македонија
9. September 2020 - 18:42

Протест на ВМРО-ДПМНЕ против поскапувањето на струјата

Од пред Министерството за правда до Регулаторната комисија за енергетика е маршутата по која се движат луѓето кои го подржаа протестот на ВМРО-ДПМНЕ против поскапувањето на струјата.

Протестот е прв од серијата протести кои ги најави опозицијата.

Во првите редови на протестот беше највисокото партиско раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Пред присутните, свое обраќање ќе има лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

 

 

Зоран Јаневски