Македонија
23. September 2020 - 21:11

Протест на ВМРО-ДПМНЕ против неправдите, политичкиот реваншизам и политичкото насилство од страна на власта

Во Македонија има две мафии, едната на Заев, а втората на оние кои му се покориле да му служат истакна Лидерот на опозицијата на вечерашниот протест и порача дека тие нема да го покорат ВМРО ДПМНЕ.

-Имаме невини луѓе во затврои. Во овој хибриден режим се владее со терор, притисок и реваншизам. Ништо не се смени овие четири години. Оваа влада живее во очекувањата во кои ги креира и нема решеение за проблемите. Во затворите има луѓе поради политички прогон, а оние за кои Заев велеше дека се криминалци сега се најблиску до него. Двете мафии, онаа на Заев и онаа која се покори да му служи, сакаат да имаат две партии. Но, ВМРО никој и никогаш не го покорил.
До кога ќе ја чекаме правдата? 30 години овој народ чека. Одбиваме да ги потршиме нашите животи во чекање. Неправда е кога се тепаат новинари и критичари. Зарем тоа треба да се одмолчи?, рече Мицкоски.

Мицкоски на протестот испорача и неколку барања меѓу кои опозицијата да предложи непристрасен јавен обвинител, да се спречи реваншизмот од Власта, да се формира комисија за заштита од дискрииминација и сите предмети за криминал да бидат отворени и анализирани.

-Полна е устата со владеењето на правото! Не може во Македонија да владее правото ако не се знае кој во Македонија незаконски прислушукуваше илјадници граѓани.. Не може никој да не сноси одговорност кој ја дал таа наредба! Кој и зошто ги полнеше кутите на референдумот. Не може да има владеење на правото ако не се открие кој ги прислушкиваше обвинителите и судиите кој се обледонеи кон крајот на 2018 година, посочи лидерот на опозицијата Мицкоски.

На обраќањето на лидерот на опозицијата реагираше СДСМ.

Според нив Мицкоски е на страната на неправдата и криминалот, ВМРО-ДПМНЕ е симбол на режим, политички терор и реваншизам.

-Мицкоски е неуспешен бранител на криминалот и неправдите, ВМРО-ДПМНЕ е симбол на режим, на политички терор, реваншизам и „Сваровски“ судство. Граѓаните тоа многу добро го знаат и затоа му испорачаа три силни порази на изборите на Мицкоски и криминалците од ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски останува на страната на неправдата и затоа останува во опозиција уште долго време, се вели во реакцијата на СДСМ.