Протест на каталонските сепаратисти во Барселона
Неколку илјади поддржувачи на идејата за независност на Каталонија од Шпанија, денеска организираа протестен марш низ центарот на Барселона со барање за ослободување на каталонските сепаратистички лидери, кои се наоѓаат во притвор.
Организатири на протестот беа неколку невладини организации предводени од групите Катлонско народно собрание (АНЦ) и Омниум, чии лидери се меѓу деветмината сепаратиситчки лидери, кои во притвор го очекуваат почетокот на судските процеси против нив под обвинение за бунт, потикнување бунт и злоупотреба на јавни средства, во врска со организирањето на ланскиот референдум за независност на Каталонија.
Кон протестите се приклучија и двата најголеми синдикати во Каталонија, иако голем број нивни членови не ја поддржуваат идејата за отцепување на овој автономен регион од Шпанија.
Движењето за независност на Каталонија, кое зајакна последниве неколку години, лани ја предизвика најголемата уставна криза во Шпанија од обновата на демократијата кон средината на 70-те години на минатиот век.
Каталонската регионална влада составена од сепаратистички партии лани во октомври организраше референдум за независонот на регионот од Шпанија, по што прогласи отцепување и независна „Република Каталонија“. На ова, властите во Мадрид реагираа со суспензија на автономијата на Каталонија, распуштање на регионалните органи на власта и приведување на дел од каталонските сепаратистички лидери.
На вонредните регионални избори одржани во декември, сепаратистичките партии повторно освоија мнозинство во Парламентот на Каталонија.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО