Живот
2. October 2015 - 15:38

Протече секс видеото на позната домашна пејачка: Како да препознаете вакви лажни вести

На прва топка на секој му се чини дека е во состојба да препознае лажна вест која ќе се појави на интернетот. Тврдењата во насловите често пати се претерани или невозможни, фотографиите делуваат наместено,а изворите се целосно непознати. Меѓутоа на интернетот постои вистинска мала армија луѓе кои пласираат лажни вести, а нивните цели се различни.

Зад лажната вест може да има најразлични работи: вирус, реклама или некоја сосема друга страна која нема врска со приказната.

Првата и очигледна причина за креирање на лажните вести се кликовите. На човекот му е потребно околу половина до една секунда да процени дали ќе кликне на некоја вест и доколку лажната вест е доволно убедлива да ја премине менталната бариера на неверувањето на прва топла, лошите момчиња ги добија своите кликови.

Втората причина е рекламирање на некоја содржина, што исто така е врзано за кликови врз основа на кои се плаќа рекламата. Ова е подиректна "кражба" на посетите од претходната варијанта, но суштински не го оштетува корисникот туку му пречи и му одзема време .

Третата и најопасна причина е ширењето на вируси. Вирусите најчесто се врани со порнографските содржини – просто тоа е нешто што интернет корисниците најчесто ко кликнуваат и претставува најмал заеднички содржател. Тоа што вирусот го прави може да биде кражба на податоците, инсталирање на шпионски софтвер или малвер кој го расипува компјутерот но и целосно преземање на профилот на Фејсбук кој потоа сам од себе почнува да ја шири истата содржина.

Проблемот со ваквите вести е во тоа што навистина наликуваат на вистински, особено ако е во прашање обичен корисник на интернетот кој не се занимава со новинарска работа. Еве ги сомнителните работи кои треба да се согледаат:

1. Веста обично ја дели приватен профил која најчесто нема фотографија, бидејќи е направен на брзина за оваа цел. Доколку има профил фотографија, таа е најчесто некој анимиран лик или напис, речиси никогаш вистинското лице на некоја личност

2. Истиот профил ја коментирал својата објава повеќе пати со цел подигање на видливоста

3. Кепшн или над насловот наведува на кликање, обично опишувајќи некоја сцена од наводната вест

4. Фотографијата е на граница на порнографска содржина но не ја преминува за да не биде избришана

5. Извор е некој непознат веб сајт, но сепак може да се фингира така да изгледа како некој сериозен медиум

Што се однесува до насловот и дел од воведот, тоа е доведено до совршенство и навистина наликува на вистинска вест. Меѓутоа, доколку себе си дадете неколку секунди да размислите дали е возможно некој непознат медиум да има бомба од вест која ја нема никој друг, ќе воочите дека некој се обидува да измами. Значи, бидете внимателни и кликајте безбедно.