Проширен и асфалтиран патот меѓу кавадаречките села Бохула и Крњево
Проширен и асфалтиран е патот помеѓу кавадаречките села Бохула и Крњево. Како што информираа денеска од Службата за односи со јавноста при локалната самоуправа Кавадарци, ревитализацијата на локалниот пат претставува значаен инфраструктурен проект од патната мрежа во општината.
Инвестицијата опфаќа проширување и асфалтирање на локалниот пат кој ги поврзува селата Бохула и Крњево во должина од 4,4878,5 метри и ширина од 5,5 метри.
- Проширувањето се однесува на целата должина на постоечкиот пат кој е со ширина од 2 метри, како би се добила коловозна конструкција од 5,5 метри, соопштија од Службата за информирање при општината.
Со ревитализацијата на патот, посочуваат, ќе се олеснат движењето и комуникацијата помеѓу двете села, ќе се подобри патната инфраструктура која е од особено значење за постоечките стопански субјекти и идни инвеститори, значителено ќе се подобрат условите за развој на туризмот, бидејќи изградбата на овој локален пат е дел од патната инфраструктура до Ски центарот Кожуф.
Планираниот износ на овој проект беше 19.990.527 денари, од кои општина Кавадарци учествува со 18 проценти или 3.049.403 денари. Останатите средства за реализација на овој проект во износ 16.941.124 денари беа обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација