-->
-->
Просечната нето плата во октомври 23.356 денари
-->
Просечната исплатена нето-плата во октомври изнесува 23.356 денари и е зголемена за четири проценти во споредба со октомври лани, објави денеска Државниот завод за статистика.
Според објавените податоци, зголемување на нето-платата има во секторите Уметност, забава и рекреација, Рударство и вадење на камен и Преработувачка индустрија.
Во однос на септември зголемување на нето-платата е забележано во секторите Рударство и вадење на камен, Транспорт и складирање и Снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината.
Просечната бруто-плата по вработен изнесува 34.266 денари и таа е зголемена за 3,8 проценти во однос на истиот месец лани.
Во октомври 1,6 проценти од вработените не зеле плата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ОЛАФ бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра - злоупотребени пари од Еразмус плус
-
ССМ најавува серија протести, работниците излегуваат на улица
-
Штипските пензионери повторно на протест
-
Глобалниот минимален данок од 15% - закана за 50-тина компании кои работат во зоните кај нас
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид