Македонија
22. May 2017 - 12:47

Просечната нето плата во март 22.445 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2017, изнесувала 22.445 денари и е за 1,8 отсто повисока воп однос на март лани, соопшти денеска Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сè, на повисоките нето-плати во секторите: финансиски дејности и дејности на осигурување (7.5%), рударство и вадење на камен (7.2%) и уметност, забава и рекреација (6.7%). 

Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, во март 2017 изнесувала 32.999 денари. 

Во март годинава, 1.3% од вработените во Република Македонија не примиле плата.