Живот
6. October 2016 - 13:23

Проработеа комплексите: Оваа куќа не e оригинал, но дефинитивно е уникатна!

Речиси секоја жена ќе ви каже дека чантите од овој бренд се најпосакувани, но ова навистина е претерано!
 
Производите од брендот „Луј Витон“ поради високите цени се недостапни за поголемиот дел од населението во светот. Но, тоа не ги спречува да бидат и меѓу најпопуларните, а поседувањето и на најмал паричник, претставува еден вид статусен симбол, па затоа овој бренд највеќе е копиран на кинескиот пазар.
 
Иако досега сте виделе разни фалсификати, ние сме убедени дека ова не сте го сретнале. Сопственикот на оваа куќа во Бјелина мора да е голем фан, бидејќи низ целата фасада го има знакот на брендот.
Кој би рекол дека вакво нешто нема да го изненади на куќата на познат/а пејач/ка, а камоли на фасадата на една скромна куќа.