-->
-->
Пронашол торбичка со 42.000 евра во кафулето каде што работел, а потоа...
-->
Пронашол женска торба со 42.000 евра во неа и ја предал на полицијата. 21 годишниот келнер Саво Петровиќ од српската општина Љубовлија, на границата со БиХ, е вистинска ѕвезда на социјалните мрежи кога се решил да торбичката веднаш да и ја предаде на полицијата.
Тој за српските медиуми вели дека воопшто не размислувал дали да ги врати парите. Видел дека станува збор за голема сума но не пребројувал. Точниот износ го дознал кога полицајците од него побарале да се потпише на изготвениот записник.
Вели дека е зачуден што некој носи толкава сума со себе.
Вели дека од пронаоѓањето на торбичката во кафулето во кое работел поминала повеќе од една седмица но се уште никој не го контактирал за да му се заблагодари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Претрес во Судскиот совет
-
Одбележани 80 години од постоењето на Земјоделски институт
-
Претрес во Судски совет
-
Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-
Силјановска Давкова ги критикуваше ДУИ за Уставниот суд
-
Артан Груби се повлече од јавниот живот и ДУИ откако беше ставен на црната листа на САД
-
Сопругата на градоначалникот на Радовиш избрана на член на Судскиот совет, СДСМ обвинува за скандал
-
Укината пресудата за Беса Транс