Македонија
29. August 2020 - 13:12

Пронајдено телото на мажот по кој се трагаше во водите на Вардар

Пред половина час пронајдено безживотното тело на 45-годишниот гостиварчанец во близина на гостиварскотo сeлo Форино.

Гостиварчанецот во обид да ја спаси девојката која ја затекнал во водите на р. Вардар, бил повлечен од брзаците на реката.

Во потрагата беа вклучени 30 полицајци и негови роднини.

Потрагата траела од синоќа.

 

Елена Милошевска