Македонија
12. September 2016 - 14:41

Пронајдено телото на исчезнатиот струмичанец по кој се трагаше

На 11 септември 2016 година во 07.45 часот во атар на село Требичино, Струмичко, на м.в.„Требичински лозја“, од страна на тим за пребарување од СВР Струмица и членови на ловни друштва „Фазан“ и „Беласица“, пронајден е починат М.П. (73) од село Требичино.  Истиот на 15 август 2016 година беше пријавен за исчезнат. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица, Јавен обвинител и лекар од Јавна здравствена установа Струмица, при што е констатирано дека на телото на починатиот нема видливи траги на насилство. Телото на починатиот е предадено на семејството.