Македонија
12. February 2020 - 18:08

Пронајдено безживотно тело на бездомник во Карпош

Пронајдено е безживотно машко тело во фаза на распаѓање кај поранешната сендвичарница „Густав“ на улица „Дрзеденска“ во Карпош.

Се претпоставува дека станува збор за бездомник кој престојувал во некогашната сендвичарница, бидејќи во просторијата имало импровизавија која служела како кревет.

Идентитетот на починатото лице сѐ уште не е утврден.