Балкан
10. December 2015 - 14:21

Пронајдени тела на четворица мигранти во Егејот

Телата на четворица мигранти, дете, една жена и двајца мажи, денеска се пронајдени во водите на Егејското Море, североисточно од грчкиот остров Фармакониси, јави дописникот на МИА од Атина.

Загинатите мигранти се возеле во дрвен чамец со 50 лица во него, кој потона вчера во близина на островот.

Досега се спасени 26 мигранти, пронајдени се телата на 16, а се уште трае спасувачка операција за лоцирање на уште осум исчезнати лица, кои според сведоштва на спасените мигранти, исто така биле во чамецот.