Македонија
4. August 2021 - 12:40

Пронајдени околу 100 стебла канабис во нива кај Теарце

 Полициски службеници од СВР Тетово вчера на место викано „Лапуф“ на подрачјето на Полициското одделение Теарце, во нива, пронашле и одзеле околу 100 стебла од растението канабис сатива.

– Според сопственикот на нивата С.У. (67) од тетовско Теарце, таа повеќе години не била обработувана, наведуваат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.